По огласите за вработување во УЈП и во Македонија пат, денеска повторно ќе посочиме на oглас за вработување распишан во предизборен период, што е можност да се разгледува како „Поткуп во изборни цели“, истакна на денешната порес конференција Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Министерството за финансии Бирото за јавни набавки на 28 март, три дена пред почеток на претседателската кампања бара 22 времени вработувања во Царинската управа!
22-ца времено ќе бидат ангажирани во Царина, за кои што понудите ќе бидат доставени до 18ти април, три дена пред првиот круг на претседателските избори.
Еве ја понудата во пари тешка над 2 милиони, 203 илјади денари но, во етичка и уште повеќе во правна смисла многу потешка.
ва е тешка манипулација, се нуди времено вработување за 22 лица, со можност за замена на работа за посакувано однесување на изборите! Ова се нови 22 кои со претходно објавените 44 се веќе 66 семејства за кои објавуваме дека се врши класичен поткуп во изборни цели!
Ова е уште еден доказ за корупција во изборни цели, времени вработувања кои треба да бидат мамка за гласање за можност за постојани вработувања“, обвини Наумовски.