Се уште ги нема вистинските одговори и одговорност за крвавото бегство од Идризово, а се случува нов скандал, ново бегство, а со истите режисери. Повеќе од 10 дена во бегство од затворот Скопје во Шуто Оризари е осудениот затвореник Нафи Абдиовски. За појаснување, осуден на 8 месеци за сторено кривично дело измама врз основа на досието, Секторот за ресоцијализација му одредил третман со група Б односно да биде преместен во полуслободно одделение, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова лице кое што се повторува на фотографиите Нафи Абдиоски, чест гостин во Владата на СДС, со еден убав албум фотографии во прегратки со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, првиот вицепремиер Артан Груби, во премиерскиот кабинет на Зоран Заев, фотографиии со претседателот на Собрание, фотографија со Стево Пендаровски.
И оттука СДС-ДУИ, можеби најмногу Оливер Спасовски министер со најголем стаж во Министерството за внатрешни работи, мора да одговорат:
1. Дали се работи за лице кое што има 16 кривични дела и толку неправосилно пресуди?
2. Дали Нафи Абдиовски со правосилност на овие пресуди би лежел 15 години затвор?
3.Дали е повратник во затвор?
4. Дали законот според пресудите за Абдиовски и во делот на тоа што е повратник, законот посочува дека Нафи Абдиовски НЕ СМЕЕЛ да биде затвореник во Шутка, туку би морал да лежи во Идризово?
5. Уште повеќе, дали смеел да биде сместен во полуотворено одделение?, прашува Стоилковски и додава:
„Почитувани, одговорите на овие прашања ги откриваат вистинските факти што се крие зад бегството:
1. Што бара сиот државен врв со човек со 16 пресуди за кривични дела? Што бара тој човек во Влада на Република Македонија?
2. Што предизвикало толкава близина, каква работа им завршувал за да има ваков фото албум?
3. Дали преместувањето во полуотворено одделение во затворот Скопје е исценирано за да може пријателот на власта да побегне додека се чека правосилност на пресуди за 16 кривични дела?
Почитувани, два скандали, две бегства од затвор, две лица миленици на власта со дебели досиеја. СДС-ДУИ ја претворија Македонија во држава на мафијата. Затвор лежат само оние коишто не слугуваат на интересите на СДС и ДУИ.
Со вакви ликови невозможни се реформи, невозможна е верба во системот.
Спасот е во предвремени парламентарни избори“.