Еве прилика за популистите Зоран Заев и Али Ахмети, по примерот на „Мавровка“, да ги упатат багерите нека срушат и тука на Шапка

Заев и Ахмети рушат дивоградби ама селективно и на диво!

Зборовите мафија и власт во Македонија се синоними и означуваат едно исто – криминал! Едните градат на диво, другите на диво легализираат, ама ако бидат фатени од јавноста – се руши! И тоа на диво!

Кримитеатарот е премногу евтин!

Ако навистина се за почитување на ред и закони, еве сега нека дојдат тука, на Попова Шапка!

Зад мене порасна цело едно село, ама никој не смее да мрдне! Владее градежна анархија среде туристички зимски скијачки центар.

Околу 80 објекти се градат на државно земјиште, среде она што треба да биде национален парк, а никој не ги руши, ниту пак одговара за тоа!

Општината Тетово и градоначалничката Теута Арифи, СВР Тетово, Јавното обвинителство, Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, министерството за транспорт и врски – никој не реагира, иако граѓаните се здружија и бараат реакција!

Почитувани,

Еве прилика за популистите Зоран Заев и Али Ахмети, по примерот на „Мавровка“, да ги упатат багерите тука зад мене!

Ама нема да изреагираат ниту Ахмети, ниту Заев – тие реагираат само ако се загрозени бизнисите и се откријат лица, градоначалници и други од власта кои што на пример издале документи за легализација или за постапки какви што законски не смееле!

„Мавровка“ во Скопје го покажува тоа дека постои голема веројатност целиот евтин кримитеатар да сопре постапка во која што треба да одговараат градоначалници и други вмешани за злоупотреба и за туркање бесправна легализација!

Рушат на диво онака како што е и изградено – на диво! Без ингеренции од општината и елаборати за рушење!

Ако веќе рушат, еве нека рушат и кај касарната во Илинден, нека срушат и тука на Шапка, и во Охрид кај советникот Нефи и многу други диви изградени објекти пред очите на Зоран Заев и на Али Ахмети!

Почитувани,

Зад рушењето на „Мавровка“ стојат огромни отворени прашања, дали и како е отсечено парче од градежната парцела на „Мавровка“. Дали и како е направена приватизација на земјиште на кое што имало маси и столици, односно урбана опрема.

Градоначалниците на Чаир, ама и на Скопје Шилегов треба да одговори како се спроведувала легализацијата ако времени објекти настрешници не се предмет на приватизација.

Понатаму, главното, врз каков документ и надлежност Владата, централната власт руши објект – дивоградба ниту има преземено надлежност од локалната власт, ниту има елаборат за рушење. Притоа секој еден знае дека просторот при вакви зафати мора да е обезбеден но тука станува збор за едно за евтин театар и тоа криминален.

Јавноста мора да знае кој се е замешан, и како и дали се издадени документите лани во декември за плаќање на надоместот за легализација на објектот кај „Мавровка“ кој што сега се руши.

Заев дебело загазил во криминал и во евтин кримитеатар, кој што нема да ја сопре вистината за „Мавровка“.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ