Наум СТОИЛКОВСКИ

Таче повторно дезертираше пред големобугарската фашистичка офанзива во Македонија. Не знаел кои биле луѓето што ги отворале клубовите!? Ама не биле блиски со СДС!? Ете тоа можело да се види “по фејсбуци”!?Со цел памет ова се одговори на некој со функцијата премиер на држава?

И вели Таче потоа, тоа биле луѓе со (пази генијалец) “лични интереси со отворањето на такви клубови”!

За чии тоа лични интереси зборува Таче? Во Битола му се набраа цел бугарски државен врв, а во Охрид беа оние коишто висеа кај Радев.

Како оној Перев, на пример, долгогодишен уредник во МТВ.

Чии лични интереси не може да спречи држава? И како тоа не може да спречи? Утре може “лични интереси” да ограбат банка, (добро, и банка ограбија личните интереси), или убијат, ама лични интереси се тоа и Таче дури води држава не може да ги спречи?

Или поважно е што се тоа повеќе од лични интереси на Софија. Како интересите на Станишев на пример; или на Радев; или на Петков, на Борисов, Каракачанов. Интересите на било кој бугарски политичар кому што државните интереси му стануваат лични! За разлика од интересите на дезертерот или антимакедонците на власт во Македонија. Ним интересите им се до дрвата, соларните панели, камионите, монтажните конструкции за болници што горат!
Сите знаат кои се луѓето коишто отвораат клубови. И се блиски до СДС!

Само Таче “не знае”!

Ама сепак мислам знае!

И повторно дезертира кога Македонија е во прашање!