Наум СТОИЛКОВСКИ
„Само вие спијте на тоа уво и градете и имиџ на Мила! Ова е најголемата “дивоградба” во заевиот кабинет. Трета министерска функција, без никаков резултат до сега, со трета шанса за уништување.
„Ги скрати пензиите, го исуши вториот пензиски столб, предложи ужас од закон за социјална заштита. Ама затоа постави систем за државен поткуп.
Потоа беше министер за странски инвестиции и не само што не донесе инвестиции, туку и во тој период најмалку 30.000 лица загубија работа.
И сега оваа дивоградба се вградува во образованието. Веќе се шири муабетот за односот и врескањето кон директорите кои велат дека нема услови за настава. Не само што нема “онлајн” систем, нема ни учебници! Би учеле и од дома, ама нема од што! Јака им душа и на вработените во образованието и на родителите, за децата жалам!
Ама терајте и маркетинг, дури се свестите, комплексот “Нино и популистите” ја испразни државата“.