Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов во 3 часот наутро на раце носел човек кој скршил нога на Водно бидејќи немало дежурна екипа за помош, стои во објава на Фејсбук која ја потврди и лично Ангелов.

„Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница, стои во фејбук објавата.

Под објавата Ангелов во делот кај коментарите се заблагодари и напиша:

„Благодарам за убавите зборови особено ако се земе во предвид дека ретко можат да се слушнат.
ЦУК нема свои ресурси туку координира со ресурсите на државата.Во конкретниот случај за извлекување на повредено лице од една од најстрмните патеки на Водно, ДЗС и МВР имаат обучени тимови за спасување но нивните процедури се спори а овде се работеше за итен случај“, напиша Ангелов.