Денеска заедно со колешката Валентина Марчевска бевме во посета на населените места Старо Село и моментално Вратница од општина Јегуновце.

Во општина Јегуновце градоначалникот Димитар Костадиноски ја има надминато ветената програма од последните локални избори во 2021 година, односно ги има реализирано сите ветени проекти и во текот на изминатава година со средствата кои што беа доделени од страна на владата на Македонија, има + 20 проекти од оние ветените.

Впрочем, во општина Јегуновце, речеси, сите жители без разлика од која генерација го кажуваат своето задоволство. Например, оние највозрастните пензионерите се задоволни од она што градоначалникот досега го има сработено, но секако и од владата, односно од покачувањата на нивните пензии, минатата година за 5.000, следнава година за уште по 2.000 денари.

Исто така задоволни се и родителите на децата кои што одат во училиште, бидејќи нели за прв пат после 7 години, оваа учебна година, нивните деца ќе започнат со сите учебници. Но исто така чув дека се задоволни родителите на најмалите, затоа што во општина Јегуновце нема листи на чекање за во градинка.

Градоначалникот Димитар Костадиновски во текот на неговиот мандат има изградено две нови градинки, едната е токму во општина Вратница и впрочем да заклучиме овде се видливи патните инфраструктурни проекти кои што ги има реализирано, видливи се зелените површини, видливи се, речиси, во секое населено место, катчињата за најмладите и ова е една успешна приказна која што е започната, нема да запре и ќе продолжи, а особено за крај сакам да истакнам дека предлозите за советници во следниот мандат се 90 % млади луѓе, што значи дека младите сакаат да останат во оваа општина, сакаат да ја продолжат оваа успешна приказна и заедно со градоначалникот Костадиноски сите овде ќе славиме веќе во првиот круг од локалните избори.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ