Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда.
Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај.
Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.
Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда.