Треба да е понижување за еден за еден универзитетски професор барем каков што е Филипче и никогаш во доменот на експертизата никогаш не сум го критикувала и понижувачки е тој да биде избран од еден избран, црпнат од Муртино, но сепак би рекла, промашена инвестиција, и Филипче и Левица од најпромашениот политичар Зоран Заев, изјави вечерва во своето гостување во „Наткаст“ на Курир пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска.

По однос на обвинувањата за врховисти, Стојаноска истакна дека после потпишувањето на бугарскиот договор и прифаќањето на нивните барања токму СДСМ е врховистичка.

-Врховисти во моментов, токму СДСМ се врховистите, или би рекла од мометот од кога го потпишаа оној бугарски договор и прифатија нешто, апсолутно што не е прифатливо, и со тоа се бориме во светот и Европа за тоа да не биде услов за наше зачленување во ЕУ, рече Стојаноска и додаде:

-Би рекла, сосема една спротиставена личност, ако го замислувам Венко Филипче во операциона сала со Венко Филипче како политичар и лидер на СДСм, иако на работа е сконцентриран, смирен, сталожен, прецизен, ваму е спротивното. Расеан, говорот на телото му кажува дека не е сигурен во себе, вели пратеничката Стојаноска.

Во продолжение проследете го гостувањето на пратеничката Дафина Стојаноска: