Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Јегуновце во рамки на кампањата за локалните избори која е под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! се осврна на работата на Димитар Костадиновски, кандидат за општина Јегуновце.
„Диме е неуморен, не се плаши од критика, од проблеми, напротив запознаен е со се и знае што може, а што не може и кажува зошто не може. Во Јегуновце нема неасфалтирана улица, нема дете што чека за упис во градинка“, рече Стојаноска.
Според Стојаноска Јегуновце може да стане привлечно место за сите посетители, за вкусна храна, центар за спортски настани.
„Диме добро знае што значи поддршка од централната власт. Тоа го виде во овие 15 месеци откако Влада е на ВМРО-ДПМНЕ, а поддршката за него и ќе продолжи во следниот период“, кажа Стојаноска.
Стојаноска упати пораки и до актуелниот и идниот градоначалник Костадиновски и до личностите кои се на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Советот во општина Јегуновце.
„Продолжи со исто темпо и продолжи ја својата приказна. Општината е доказ дека може да се успее, иста е и пораката и до советниците. Ние во ВМРО-ДПМНЕ успеавме поради истрајноста, упорноста, вербата и јасна визија за иднината. Советници следете ја јасната визија на градоначалникот сегашен и иден и јасната визија на претседателот Христијан Мицкоски“, заклучи Стојаноска.
Стојаноска повика и укажа дека вистинскиот избор на овие локални избори е бројот 9.