Носителката на ИЕ 6 Дафина Стојаноска, денеска ги посети cелата Милетино и Блаце во општина Брвеница каде посочи дека луѓето овде се пожалиле дека голем број на млади им се иселиле во странство. Според неа, проблем е и тоа што младите кои не се иселени во странство се оставени на маргините на општествениот развој.
-ВМРО-ДПМНЕ како партија што ќе ја формира новата влада на Република Македонија е свесна за сериозноста на овие проблеми и затоа се обврзува дека ќе обезбеди услови за вработување на повеќе од 50.000 млади луѓе во текот на нашиот четири годишен мандат. Понатаму преку современ студенстки и ученички стандард ќе обезбеди да младите да конкурираат рамноправно на пазарот на трудот, ќе направи активно учество на пазарот на трудот, ќе направи активно учество на младите во носењето на одлуките и ќе направи спорт и култура по нивна мерка, истакна Стојаноска.
Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и ќе донесе како повеќе за сите така повеќе и за младите во Република Македонија.