Зоран Заев предвреме ја почна кампањата, со митинг во Идризово. Од таму велат поздрав до Зоран Заев и Вице Заев и Шекеринска. Овие фотографии не се од партиски штаб на СДСМ, ова се фотографии од затворот Идризово, кој е претворен во партиски штаб на СДСМ. Осуден за дрога во затворот Идризово повикува да се гласа за Заев и Шеќеринска, Бојан Стојаноски, кандидат за пратеник во Изборна единица 2.
-Фотографии и видео материјал кој се шири на Фејсбук покажуваат како Јане Павловски, викан Јане Тица, кој се наоѓа во затворот за издржување на затворска казна го претворил затворот во партиски штаб. Во затворот се внесени реквизити, знамиња и партиски пропаганден материјал и буквално како што се гледа од сликата е направен партиски штаб во самиот затвор. Ова е недозволиво и политизација на КПУ Идризово од невидени размери. Бараме итна оставка од директорот на Идризово и одговорност од Дескоска. Поставувањето на партиските реквизити и правење на штаб не можело да помине без амин на затворската управа која раководи со затворот, истакна тој.
Стојаноски оцени дека ова е скандал од невидени размери и бараме итна оставка од директорот на затворот Идризово кој го дозволил ова.
-Дополнително срамно е што ваквото дејствие на Тица и затворската управа е оправдано и од Ѓорги Галетановски, директор на скопската зоолошка градина, која во коментар на фотографиите и видео материјалот кои се шират на Фејсбук го фали Тица за неговата партиска активност во затворот. Ги повикуваме и надлежните институции да ги санкционираат сите засегнати во случајот. Со СДСМ добивме партизирана држава, криминал и корупција. Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме со Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, истакна Стојаноски.