Ново партерно уредување во населба Даме Груев, напиша на Фејсубк пратеникот Бојан Стојаноски.

-Со министерот за одбрана Владо Мисајловски и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски извршивме увид во завршени градежни активности. Во населба Даме Груев просторот околу зградите доби целосно нов лик. Се изградија нови пешачки патеки, како и извршена е реконструкција на постоечките. Обезбедени се нови паркинг места на барање на жителите од овој дел од населбата. Се вложува во подобри услови за живот на сите граѓани од општина Ѓорче Петров. Продолжуваме, порача Стојаноски.