Синиша Стојаноски, доктор на денешната трибина која ја организира ВМРО-ДПМНЕ на тема „Политики за рестартирање на распаднатиот здравствен систем“ укажа дека кадровата екипираснот е најважна и дека таа е на едно незавидно ниво кое доведува до сериозна дилема.

-Караванот на ВМРО-ДПМНЕ тргнува низ цела Македонија и тоа е задоволство кога можеме да се обратиме пред целата вака импозантна публика. Можеме во здравствениот систем да ја имаме најскапата инфраструктура, може да ја имаме и најмодерната апаратура која што постои, но ако кадровата екипираност е на незавидно ниво тогаш функционалноста на здравствениот систем се доведува во сериозна дилема. Она што е нефункционално во здравствениот систем се провлекува повеќе години и акцентот дефинитивно треба да се стави на неколку точки кои што не сме тие ние кои ќе ги измислиме решенијата за овие проблеми, само треба да се угледаме како функционираат здравствените системи во соседството и во модерните европски земји каде едноставно се внимава на секој сегмент, рече тој.

Стојаноски посочи дека проблемот кој што постои во Република Македонија е централизираноста на здравствениот систем односно дека нема еднаков пристап кон квалитетот и достапноста на сите три нивоа на здравствена заштита во сите региони во Република Македонија.

-Без да имате адекватна кадрова екипираност и адекватна кадрова политика во здравствениот систем нема можност да има континуитет и напредок на здравствената политика. Проблемот кој што постои во Република Македонија е централизираноста на здравствениот систем, нема еднаков пристап кон квалитетот и достапноста на сите три нивоа на здравствена заштита во сите региони во Република Македонија, кажа тој.

Стојаноски потенцираше дека треба да се направи мрежа на примарна-секундарна и децентрализација на терциерна здравствена заштита како во однос на инфраструктурните капацитети и опремата така и адекватното кадрово екипирање на сите тие институции.

-Решението е многу едноставно, треба да се направи мрежа на примарна-секундарна и децентрализација на терциерна здравствена заштита како во однос на инфраструктурните капацитети и опремата така и адекватното кадрово екипирање на сите тие институции, вели Стојаноски.

Тој на крај заклучи кадрите кој ја нудат терциерната здравствена заштита како што се фокусирани во градот Скопје, потребно е да бидат дисперзирани и во останатите региони во Република Македонија.

-Клиничкиот центар во Скопје не може да ја опслужи Република Македонија и потребите на граѓаните затоа што тие листи на чекање кои што се креираат се реални. Кадрите кои што овозможуваат пристап односно кој ја нудат терциерната здравствена заштита како што се фокусирани во градот Скопје, потребно е да бидат дисперзирани и во останатите региони во Република Македонија и на тој начин сите граѓани ќе имаат пристап до терциерна квалитетна здравствена заштита, додаде тој.