„На самата лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ понуди три датуми за предвремени парламентарни избори, едниот е во септември и двата во октомври на кои сите политички партии да понудат решение за актуелната тема во општеството и партијата која ќе победи а тоа несомнено ќе биде ВМРО-ДПМНЕ потоа несомнено да го имплементира тоа решение за да го откочи евроинтегративниот процес на Македонија“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека од лидерската средба исто така стана јасно дека евроинтегративните процеси на Македонија не се отпочнати.
Стојаноски повторно посочи дека во моментов одлуката е кај СДС, тие треба да кажат дали прифаќаат некој од овие два понуди без да заменуваме тези бидејќи ситуацијата е сериозна.
„Во овој момент Бугарија е само заложник на нормални европски држави кои не сакаат Македонија да ја видат земја членка на ЕУ токму заради тоа што сме една криминална, корумпирана и несредена држава тоа ни го кажуваат и амбасадите“, кажа Стојаноски.
Тој потенцираше дека сите 27 земји членки на Европската Унија станале членки по критериумите од Копенхаген, а само Македонија има плус еден критериум а тоа е историска комисија.
„Ако од најсилните европски држави доколку видат дека ние се трудиме, спроведуваме мерки и реформи тогаш зарем не можат ли за 24 часа со некој тешкаш дипломат да ја убедат Бугарија дека нон сенс е нејзината блокада кон Македонија“, дециден е Стојаноски.
Стојаноски заклучи дека по неизгласувањето на уставните измени веднаш треба да се распишат предвремени парламентарни избори.