СТОЈАНОВСКИ: Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа набавени 140 амбулантни возила! Колку набави Филипче?

/ 02.11.2020

„Почитувани, во врска со последниот медиумски настап на министерот Филипче, би сакале да потенцираме неколку факти:

1) За време на раководењето на ВМРО-ДПМНЕ со Министерството за здравство се набавени 140 амбулантни возила. Нека одговори министерот колку се набавени додека е тој на чело на министерството?!

2) Опозицијата има улога да биде коректив на власта и затоа можеби денот го започнува со соопштенија. Власта доколку ја менаџираше КОВИД кризата успешно како што милува да соопштува министерот, немаше според сите релевантни институции, за што впрочем зборуваат и бројките на заразени и за жал починати, да сме рангирани онака како што сме рангирани во моментов.

3) Би било добро министерот да ги преслуша прес конференциите на опозицијата, особено оние пред појавата на првиот случај на КОВИД кај нас, и ќе има можност да ги слушне сите мерки кои што ги предложила опозицијата, и кои што за жал со задоцнување потоа ги спроведуваше.

4) Уште подобро би било да ги преслуша своите ПР настапи, и да се потсети што зборувал тогаш, а што зборува сега. Што изјавил за бројката од 2000 заразени тогаш, а што сега. Што изјавил за тестирањето на пациентите во Ниш, за мерките предложени од комисијата за заразни болести и за препораките од СЗО. Постојат записи за истите изјави, па можеби доколку се одважи за соочување пред медиумите, ќе може да го објасни менувањето на своите ставови.

5) Дали пациентите имаат пристап до термин за тестирање и до болничките капацитети, најдобро би било да поразговара и да се соочи со нив министерот лично. Тогаш можеби ќе почне да ја живее истата реалност со граѓаните на Република Македонија.

6) Заемот од 90 милиони евра, можела да го потпише министерката за финансии Ангеловска, но не го сторила тоа. Нека одговори министерот Филипче зошто?

7) Доколку пред неполни 2 месеци носите одлука за враќање на хронично болните на работните места, а сега повторно ја менувате одлуката за работа од дома, каква порака се праќа кон граѓаните?

8 ) Фрустрацијата е одлика на последните ПР насатапи на владините функционери поради рапидното продлабочување на здравствената и економската криза во Република Македонија, што граѓаните го препознаваат.“

Синиша Стојаноски, Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ


Од истата категорија