Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години, реагира во изјава за телевизија Сител градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на соопштението на Левица.
-Општината Ѓорче Петров нема донирано ниту педа земја, ниту метар квадрат било каков тип на простор туку едноставно преку системот на министерството за финансии преку кој што се издава просторот за кој што располага општина Ѓорче Петров, за што има и соодветна одлука на Совет пред повеќе години. Морам да напоменам, просторот на старата општинска зграда е издаден. Повторувам, издаден. Ниту е дониран на невладината организација „Во мојот свет“, согласно критериуми кои што сме ги поставиле во огласот за изнајмување, а преку законски и транспарентен процес кој што го контролира министерството за финансии, изјави во изјава за Сител Стојкоски.
Стојкоски навави лична тужба и тужба од страна на општината против Левица.
-А јас исто така во консултација со мојот адвокатски тим ќе поднесам лична и тужба од општината Ѓорче Петров. Тоа што сакаат да го направат се должи на резултат на константно опаѓање на нивните гласови во Ѓорче, бидејќи за последните парламентарни избори имаа дури 30 посто помалце гласови од тоа што го имаа на локалните избори, вели Стојкоски.