Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски направи увид во градежните активности на спортскиот комплекс „Пољана“ во Хром.
Она што до вчера беше само потреба и желба, сега станува реалност. Тука никнува
– ново фудбалско игралиште со вештачка трева,
– две кошаркарски игралишта,
– нова фитнес зона
– ново детско игралиште.
Хром заслужува современ спортски простор, а „Пољана“ повторно ќе биде симбол на енергијата на младите и гордост за целата заедница.
Чекор по чекор, со многу работа и љубов, ја градиме иднината на Ѓорче Петров – заедно со сите вас, објави Стојкоски.