Актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека нова населба за млади се планира на територија на Општината која ќе биде на површина од 80.000 метри квадратни.
Во изјава за Курир, Стојкоски појаснува дека новата населба ќе биде во Ново Село, а од постојните над 200.000 метри квадратни државно земјиште, општината ќе искористи 80.000.
-Предвидени се 170 парцели за куќи до 400 метри квадратни со дополнителна патна инфраструктура. Во овие 80.000 метри квадратни кои се планирани за новата населба нема опфатено приватно земјиште кое е во близина. Ова се реални мерки за нашата иднина, прецизира Стојкоски за Курир.
Нагласува дека младите брачни парови ќе добијат поддршка од Општината и со ослободување од плаќање на комуналии за градба до 100 метри квадратни на куќи.