Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари за поддршката и потенцираше дека граѓаните се и главниот мотив за одлука да се кандидира за градоначалник на Ѓорче Петров.
„Искрено верувам дека во животот можеме да направиме безброј добри дела, безброј добри работи за заедницата, само ако при тоа не се ограничуваме на тоа кој ќе ги добие заслугите. Израснавме заедно и добро се познаваме! Време е да се сплотиме, време е да работиме заедно, за сите луѓе! Силно сум мотивиран да ставиме крај на поделбите, да ставиме крај на лошите одлуки, да ставиме крај на лошите решенија. Силно сум мотивиран да ги вклучиме сите луѓе, без при тоа да бараме било каков политички активизам и партиско експонирање. Силно сум мотивиран да го вклучиме целиот човечки, интелектуален потенцијал на секој еден човек од Ѓорче, сите професионалци, занаетчии, правници, пазарџии, економисти, приватни стопанственици, инжинери, лекари, архитекти, наставници, спортисти и уметници. Поаѓам од себе, а верувам дека и најголемиот дел од вас, сакаат подобро место за живеење, почиста животна средина, подобра општина која поуспешно ќе ги менаџира потребите на Ѓорчепетровци. Како лекар, имам можност, да го видам и да го слушнам народот, да му ја разберам маката и да му помогнам. Како ваш пријател и сосед, добро ги познавам секојдневните проблеми со кои се соочувате. Како родител, сакам и имам обврска да изградам поздраво општество во кое ќе растат моите и вашите деца. Да изградиме поздрава заедница за сите нас! Затоа, ќе ве замолам да ја споделите оваа видео порака, да допреме до што е можно повеќе луѓе, да добиеме што е можно повеќе предлози, да ги избереме најквалитетните решенија!“, напиша Стојкоски.