И покрај лагите и клеветите од страна на СДСМ и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска дека ВМРО-ДПМНЕ го опструира Законот за употреба на македонскиот јазик, денес маските паднаа, ова преку изјава до медиумите го истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Велика Стојкова Серафимовска.
-Сакам да ве известам дека не денешната Комисија за култура, на која што требаше да се одвива второто читање на предлог законот и на која што требаше да се разгледуваат заеднички усогласените амандмани, минитерката за култура не се појави, односно немаше претставник од ресорното министерство како предлагач на законот. Прашуваме зошто се чекаше да поминат скоро пет месеци од првото читање на предлог законот кое беше на седницата на Комисијата за култура на 8ми јуни? Зошто и покрај тоа што двете најголеми политички партии во Собранието, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ заеднички ги усогласија амандманите во присуство на министерката, истата министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска, на 17 октомври во статус на социјалните мрежи објави дека опозицијата го блокира Предлог законот за употребата на македонскиот јазик и зошто, ако е толку загрижена, на денешнта закажана седница истата таа министерка не се појави?, прашува Стојкова Серафимовска.
Таа додава дека ваквото однесување со кое опозицијата се клевети дека е против предлог законот укажува дека проблемите се во мнозинството и дека, како и за сите други работи во државата, особено во културата, власта само декларативно покажува некаква грижа за граѓаните на Република Македонија.
-Почитувани граѓани, сакаме да ве увериме дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ во ниту еден момент не беше против овој Предлог закон за употреба на македонскиот јазик. Понуденото законско решение помина две јавни расправи на кои учествуваа истакнати научници од областа на Македонистиката и чии забелешки во поголем дел беа вградени во финалниот текст доставен до Собранието. Нашите заложби беа и се да добиеме квалитетен закон со кој македонскиот јазик ќе го добие вистинскиот статус во државата. Сакаме да му порачаме на мнозинството и на министерката за култура, наместо да се служат со манипулации и клевети да дојдат во Собранието и да ја завршиме нашата работа, вели таа.