Не многу војници на руските платенички сили Вагнер се преместени во Белорусија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА.
Видовме одредени подготовки за прием на големи групи војници на Вагнер во Белорусија, рече Столтенберг, говорејќи во Брисел.
Досега не сме виделе толку многу од нив да одат во Белорусија, додаде тој.
НАТО, исто така, регистрира дека лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин „малку се движел наоколу“, рече Столтенберг, без да даде дополнителни детали.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко претходно денеска изјави дека Пригожин се вратил во Русија по краткиот егзил во Белорусија, додека неговите војници остануваат во кампови.
На Пригожин и на неговите војници им беше понудено безбедно засолниште во Белорусија за да го прекинат кусиот бунт на неговата платеничка сила во јуни.
НАТО внимателно ги следи движењата на трупите на Вагнер и Пригожин, рече Столтенберг