Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека секој обид на властите во Белорусија да ја користат Алијансата, како изговор за да се задушат протестите, е „погрешен и неоправдан“.

– Нема зголемување на трупите на НАТО во регионот, така што секој обид на режимот во Белорусија да го искористи НАТО како изговор за напад врз демонстрантите во нивната земја е апсолутно погрешен и апсолутно непотребен, рече Столтенберг.

Пред состанокот на министрите за одбрана на Европската унија во Берлин, Столтенберг повика на слободни и фер избори во Белорусија.