Ирачката Влада му даде зелено светло на НАТО да остане во земјата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Дозволата е дадена само неколку недели откако Ирак побара странските сили да ја напуштат земјата по американското убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани, недалеку од аеродромот во Багдад.
– Ирачката Влада ја потврди нашата желба да ги продолжиме активностите на НАТО за обука, советување и градење капацитети на ирачките вооружени сили. Ние ќе останеме само во Ирак се додека сме добредојдени, изјави Столтенберг за време на состанокот на министрите за одбрана.
Мисијата за обука на НАТО во Ирак, предводена од Канада, почна во 2018 година и опфати приближно 500 војници.