Санкционирани се 291 возачи кои  се движеле со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден во периодот од 07.00 до 11.00 часот во рамки на зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија.

Од МВР денеска информираа дека од нив, 35 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.