При акциска контрола на полицијата спроведена ноќеска во Скопје кај 17 возачи е утврдено е присуство на алкохол во крвта, а тројца одбиле проверка за присуство на алкохол.
Сите се исклучени од сообраќај и им се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози.
При контрола за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.
Во вчерашните контроли на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје, меѓу останатото, се издаени прекршочни патни налози на осум возачи за престигнување на недозволено место, а откриени се и 32 други прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози. Откриени се и 61прекршок кои се соодветно санкционирани.