Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на државата биле санкционирани 659 возачи. Од нив, 90 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 145, а потоа на територија на СВР Скопје – 111 и на територија на СВР Куманово – 93.-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.