Полиција во текот на вчерашниот ден на територија на целата држава санкционирала 448 возачи.
-Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 82, а потоа на територија на СВР Куманово – 62, на територија на СВР Охрид – 57, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму апелираат до сите учесници да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со цел овозможување на побезбедни патишта.