Претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата ВЛЕН, во рамки на претседателската и парламентарната кампања денеска имаше средба со Стопанската комора на северозападна Македонија, каде се разговараше за економскиот развој, зачувувањето на работната сила и деловната клима во Македонија.

Стопанската комора на северозападна Македонија ги штити бизнисите во земјата и се грижи за промоција на нашите бизниси во земјата и светот, додека нејзините барања до претседателскиот кандидат, Арбен Таравари и коалицијата ВРЕДИ беа зголемувањето на минималната плата на 30.000 денари, додека владата треба да ги намали придонесите за 32%, да го реши проблемот со иселувањето, црната економија, корупцијата и владеењето на правото.

„Разговаравме за економскиот развој, за визијата на Комората за работната сила која недостасува во Македонија. Стопанската комора на северозападна Македонија, тука е и економскиот манифест што ни беше даден пред неколку недели и вклучивме некои точки во нашата програма. Во мојата програма посебен акцент имаат иновативноста и енергетиката, како и постигнување консензуален договор меѓу политичките партии што државниот претседател би го иницирал со поддршка од сите за економски развој на државата“, рече Таравари.

На средбата беа разменети идеи и за парламентарната програма на коалицијата ВЛЕН , каде фокусот ќе биде на подобрување на бизнис климата, зачувување на нашата работна сила, намалување на трошоците за работна сила, зајакнување на слободните економски зони, развој на туризмот, земјоделството и други.