Стопанската комора за енергетика на Македонија денеска објави дека ќе организира голем протест со барање да им се одземат лиценците и имотот на ЕВН и тој да се врати во државна сопственост.
– Барање за одземање на сите лиценци и имот што го има ЕВН и да се да врати во државна сопственост! Ги повикуваме сите компании и граѓани на голем и масовен протест. Датумот за протест ќе биде дефиниран на вонредната седница во просториите на Стопанската комора за енергетика на Македонија в среда на 17 август 2022 година, се наведува во објавата на официјалниот профил на Комората на Фејсбук.
Ова соопштение е објавено денеска на 14 август. Други детали не се соопштени.