Ако прогресивното оданочување се реализира, ќе има негативни последици врз целата бизнис заедница. Значително ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата. Станува збор за сериозна промена на даночниот режим со кој се создава нов систем на обврски неполни два месеца пред крајот на годината, кога најголем дел од деловните субјекти веќе ги имаат направено планирањата за следната фискална година, е ставот на членовите на Платформата за јавно – приватен дијалог: Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.
Коморите сметаат дека со предложените измени во даночниот систем се усложнува работењето на компаниите.