Денес занемарувањето на болните пациенти и нивните терапии власта го правда со појавата на КОВИД-19.
Но и пред почетокот на КОВИД – 19 власта ги заборави жените за преглед на рак на дојка. Имено поради зголемување на бројот на заболени жени од рак на дојка во ЕУ, во 2008 година изнесувал 109.9, а морталитетот 38.4 случаи на 100.000 жени, пишува скопски Курир.
Поради тоа Владата на ВМРО-ДПМНЕ кон крајот на февруари 2015 година воведува задолжително секоја жена над 40-тина години матичен лекар да и праќа повикувачко писмо/покана со кое што се повикува на задолжителен мамографски преглед за превентива.
Следејќи ги европските и светските насоки, почнувајќи од месец април 2015 година во соработка со кабинетите за мамографија во јавните здравствени установи (вкупно 29 на територијата на Македонија), министерството за здравство почна со организирана „Национална скрининг програма за рана детекција на рак на дојка“. За таа цел, набавени биле нови дигитални мамографи во повеќе јавни здравствени установи, креирани се посебни термини за изведување на скрининг, а Центрите за јавно здравје и Управата за електронско здравство посредувале во закажувањето на термините.
Според владиниот проект од 2015-тата година жени на возраст од 50-69 години се покануваат за мамографски преглед на две години преку повикувачки писма/покани, кои се испраќаат по пошта користејќи податоци од компјутерски софтвер и хардвер кој е есенцијален елемент за повикување на жените, со кој се обезбедува повикување на жените кои никогаш немаат извршено мамографски преглед. А, повиканите жени потребно е со себе да понесат покана – повикувачки флаер и здравствена книшка/лична карта заради личните податоци.Резултатите наодите се внесуваат во електронскиот регистар.
Според информации од министерство за здравство во 2010 година бројката изнесувала 308 жени, во 2015 изнесувала 281, 2016 – 338, додека пак во 2017 година намалена е стапката и изнесувала 279 жени.
Но по стапувањето на СДСМ на власт, и со самото доаѓање на министерот за здравство, Венко Филипче оваа мерка замира, немаат повикано ниту една жена на бесплатен мамографски преглед.
Од тогаш започнуваат проблемите и нереализирање на самата оваа корисна мерка. Имено, пример за тоа е дури пациентките со рак на дојка се оневозможени да прават ехо или мамографија во јавното здравство, и за ваков преглед треба да се упатат во некоја приватна ординација што пружa вакви услуги, велат од „Љубов сме – Jemi dashuri“, неформална група на социјалните мрежи, чија цел е поддршка на луѓето со рак. Но, додаваат тие, проблем е тоа што некои од нив не можат ова да си го дозволат финансиски, а други пак стравуваат да се „мешаат“ со луѓе и се решаваат за одложување. Ова се случуваше во јуни 2020-тата година.
За овој проблем од министерството за здравство потврдуваат дека „мамографијата со оглед на моменталната ситуација со КОВИД- 19, се прави во редуциран број“, и додаваат дека сите пациенти со итен 24-часовен упат се примаат непречено. А, од кабинетот на министерот Венко Филипче не можат да одговорат кога ќе се нормализира работата на болниците во јавното здравство.
Клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, уште на 17-ти март соопшти дека сите термини на пациентите за редовен контролен преглед се одложуваат, а пациентите што примаат хемотерапија и имунотерапија во овој период со ширење на коронавирус да продолжат да се јавуваат на редовниот закажан термин, за да ја примат на време соодветната пропишана терапија. Клиниката препорача таблетарната терапија да ја подигне еден од членовите на семејството на пациентот. Граѓаните се оставени сами на себе да се снаоѓаат за лекување и преглед.
„Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство. Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.