Бугарскиот експерт за средниот век, професорот по археологија Николај Овчаров, изјави дека грофот Влад Трети по потекло бил Бугарин, пишува „Спутник“, а пренесуваат медиуми од регионот.

Според истражувачот, треба да се земе предвид фактот дека името „Дракула” не значи „крвожеден”, како што најчесто се толкува во масовната култура, тоа укажува на припадноста на таткото на Влад на одредот, кој се борел против Отоманската империја.

Овчаров наведува дека кнезот на Влашка зборувал на „чист бугарски”. Со тој заклучок може да се дојде ако се изучи влашко-бугарската повелба, вели професорот.

Во романската историографија јазикот на кој се составени документите се нарекува црковнословенски. Меѓутоа, Овчаров тврди дека во нив има и навредливи зборови кои сведочат дека составувачите на документите биле Бугари.

„Како е можно да пишувате на таков начин, ако не мислите така?”, изјави Овчаров, додавајќи дека во повелбите се најдени фрази со зборовите „куче” и „мајка”.

Овчаов претходно зборуваше дека до крајот на 17 век бугарскиот јазик бил широко користен кај аристократите кои живееле на границата со Бугарија и Валашка, а до 13 век со тој регион управувале бугарските принцови.