Минатата година продажбата на албуми во САД се намали за 18,2 отсто во споредба со претходната година, додека продажбата на песни опадна за 28,8 отсто, се вели во најновите податоци на компанијата BuzzAngle , која ја следи потрошувачката на музика во САД.
Во меѓувреме, музичките стримови, вклучувајќи ги и аудио и видео, се зголемија за 35,4 проценти.
Од вкупната музика што Американците ја слушаа минатата година, 77 проценти беа стриминг музички услуги како Spotify и Apple, додека 17,3 отсто од нив беа преку продажба на албуми и 5,7 проценти преку синглови.
Минатата година компанијата Best Buy одлучи да престане да продава ЦД-а, и таа промена е резултат на фактот дека издавачите се повеќе размислуваат дали албумите треба да бидат објавени во физичка форма.