Со три голови на Бесарт Ибраими, македонскиот фудбалски шампион, Струга Трим и Лум го победи Есперанж од Луксембург со 3:1 во првиот натпревар од третото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА.

До хет-трик, Ибраими стигна со два гола од пенал во 40. и 77. минута, а својата серија ја отвори откако ја искористи големата грешка на противничкиот голман во 21 минута.

Голот за тимот од Луксембург го постигна Доминик Штолц во 46. минута.

Реваншот ќе се игра по седум дена на теренот на Есперанж.