Цела Струмица за Денот на независноста на Македонија беше поплавена со летоци на кои е испишана пораката „Сонцето пак ќе ја огрее Македонија“.
Како што објави порталот Струмица денес, тоа е пораката поради која петте струмички студенти беа застреални во 1951 година. Струмичките студенти на истиот начин расфрлале летци низ Струмица и токму тоа го разлутило тогашниот комунистички режим, кој наредил нивна ликвидација, пишува порталот.
Петте струмички студенти се Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорѓи Костуранов и Ѓорѓи Јармов. Тие беа на возраст од 20 до 23 години. Погубени се на планината Беласица на 13 август 1951 година.
Струмичките студенти биле приврзаници на идеалите на ВМРО, студирале во Загреб, а биле застрелани со образложение на тогашните комунистички власти дека сакале илегално да побегнат во Грција.