Во близина на патот Струмица-село Просениково вчера физички бил нападнат пожарникар, соопштија од ТППЕ Струмица, но не се наведени причините зошто дошло до инцидентот.
Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, пожарникарот бил нападнат со мотика при вршење на работните задачи-гаснење на пожар на запалена трева покрај патот за селото Просениково и при тоа бил удрен во пределот на раката.
Нападот е пријавен во полицијата, а од ТППЕ Струмица потенцираат дека секој напад врз пожарникар-спасител за време на дожност се води како кривично дело, напад врз овластено лице од областа на безбедноста за кое се предвидени затворски казни.