Од среда до почетокот на следната седмица подрачјето на нашава земја ќе биде под влијание на серија на влажни бранови кои што ќе предизвикаат времето да е променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од УХМР.

Во среда и четврток ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме.

Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на овој период врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.

Во Скопје од среда до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината во среда врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Од петок до почетокот на следната седмица ќе има поголем пад на температурата со повремени врнежи од дожд.