Студенти од Турција кои студираат во Скопје поставија шатор на плоштадот Македонија, каде што собираат материјална помош за преживеаните од земјотресот.
Како што велат, граѓаните можат да донираат облека, вода или храна кои потоа ќе ги испратат во Турција.И град Скопје ќе оддржи вонредна седница за помош на настраданите во Турција.
Овде сме за да помогнеме за земјотресот бидејќи тие страдаат и има и многу жртви. Ние се обидуваме да им помогнеме, чекаме помош од вас, било каква помош, облека или вода, било што за да им помогнете. Чекаме помош од вас, вели студент за ТВ21.