Студентите од британскиот универзитет во Бристол се фотографираа голи за хуманитарен календар, пишува „Денешен“.

На сите фотографии гениталиите и женските гради се покриени со различни предмети или раце. Календарот се продава во универзитетската продавница и на Интернет. Според „Денешен“, сите собрани средства ќе одат во три локални добротворни фондации.

Првото издание на календарот е речиси распродадено, а чини 7 фунти, информира „Денешен“. До Нова година, студентите планираат да отпечатат и второ издание.