Неискористените 140 денари дневно за студентски оброк „испарија“ и вчера, пишува АЛСАТ.

Амра е еден од студентите кои аплицирале за студентска картичка за оброк. Вчера не ја искористила можноста да купи нешто со неа и на полноќ автоматски ѝ биле повлечени неискористените 140 денари.

Покрај повлекувањето на овие пари, студентите не се добро информирани ниту како и каде треба да ги користат. Некои велат дека ако парите не им ги повлекуваат тогаш тоа би им било од голема помош. Би можеле да ги користат и за плаќања на семестри или за месечен превоз.

Знаеме дека тие ги повлекуваат и знаеме дека порано се собирале парите имало можност да се соберат, но сега ги повлекуваат… Подобро за студентите е да се собираат.“

„Се пријавив да добијам, но се очекува барањето што го поднесов да биде разгледано, а потоа ќе видиме. Дали мислите дека 140 денари се доволни за еден студент? Можеби не се, но колку-толку го помагаат студентскиот буџет“, велат студентите.

Министерството за образование претходно соопшти дека ќе ја разгледа можноста за промени во наредните три месеци, но дали ќе ја разгледа и можноста да не се повлекуваат 140-тте денари кои не се искористуваат, останува да се види. Досега, повеќе од 70% од студентите аплицирале за картичка за оброк.