Оптимизмот на Арсенал за трансферот на играчот од Барселона, Денис Суарез, расте. Причината за ова е дека последните преговори меѓу двата клуба биле исклучително позитивни и „топџиите“ веруваат дека ќе успеат да го остварат својот план. Тој вклучува привлекување на Шпанецот на позајмица до крајот на сезоната со вклучена опција за перманентен трансфер пред летото, пишуваат медиумите на Островот.
Од „Камп Ноу“ првично не сакаа да се разделат со Суарез во текот на зимата, а потоа инсистирале дека ако решат сепак да го сторат тоа, тоа ќе биде со постојан трансфер. Пред една недела менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека во јануари клубот нема можност да прави такви трансакции и ќе може да привлекува исклучиво играчи изнајмување.
„Топџите“ се подготвени да платат околу 18 милиони фунти за Суарез во текот на летото. Играчот има желба да се пресели на „Емирати“ уште сега, пишуваат во Англија.