Продавниците се затворени, а улиците празни во главниот град на Судан – Картум поради почетокот на генералниот штрајк со барање за оставка на владејачкиот Воен совет.
Суданската Асоцијацијата на професионалци, чии предводници се адвокати, инженери и лекари ги повика денеска луѓето да останат во своите домови во знак на протест против минатонеделниот напад на војската, кога безбедносните сили насилно растераа група, која имаше собир пред воениот штаб во Картум.
Оваа Асоцијација ги предводеше масовните протести кои доведоа до воен преврат, со кој беше симнат од власт претседателот Омар ал Башир во април, а сега бараат власта во целост да биде во рацете на цивилите.