Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска треба да започне судскиот процес во кој поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, е обвинет за злоупотреба на службената положба.
Според обвинението, обвинетиот како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
– Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги, стои во обвнителниот акт.
Зеќири се товари дека го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.
Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, која е претседател и на Судечкиот совет во процесот „Софтвери“, во кој првобвинет е Драги Рашковски, исто така, поранешен генерален секретар на Владата.
И двајцата бивши генерални секретари на Владата во перидот кога премиер беше Зоран Заев, беа во блиски односи со него, за што сведочат фотографиите од моментите на релаксација со Рашковски со возење квадрицикли, а со Зекири беа и во кумашински односи.