Денешната расправа и расправата закажана за 26 февруари 2021 година за предметот „Тортура“ нема да се одржат, информираат од Основен Кривичен суд Скопје.
Оттаму дополнуваат дека сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед на тоа што дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“ закажан за посочените термини и кој е во фаза на завршни зборови.
Следната расправа за предметот „Тортура“ е закажана за 8 март 2021 година.