Нови судири вчера избија помеѓу демонстрантите и припадниците на венецуелската Национална гарда на границата со Бразил.
Десетици Венецуелци кои пристигнаа во пограничниот бразилски град Пакарајма, со камења фрлале преку затворената граница врз венецуелските сили кои одговорија со солзавец.
Бразилската телевизија Глобо емитуваше снимка на која се гледа како бразилски војник се приближува до границата и апелира до венецуелските војници на смиреност, а од демонстрантите и новинарите бара да се оддалечат од границата.
Кампањата за испраќање на хуманитарна помош во саботата, иницирана од САД, наиде на силен отпор кај венецуелските безбедносни сили, кои уопотребија солазавец врз демонстрантите, а во судирите загинаа и две лица, а 30 беа повредени.
Судирите траеја во текот на целиот ден на два моста што ги поврзуваат Венецуела и Колумбија.