СУДОТ ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА ТРАМП ПРОТИВ СИ-ЕН-ЕН: Бараше 475 милиони долари отштета

/ 30.07.2023

Федералниот суд на Флорида ја отфрли тужбата на Доналд Трамп, поранешниот претседател на САД, против телевизијата Си-Ен-Ен, во која тој бара отштета од 475 милиони долари за клевета.

Трамп во тужбата наведе дека Си-Ен-Ен неговите тврдења за изборни измами во 2020 година ги нарече „голема лага“ и го спореди со Адолф Хитлер. Поранешниот претседател рече дека фразата „голема лага“ се користи како нацистичка пропаганда во кампања за оправдување на прогонот на Евреите.

Судијата Раг Сингал, кој беше назначен на таа функција од Трамп, во образложението за отфрлање на тужбата изјави дека наводите на Си-Ен-Ен претставуваат мислење, а не факт и дека затоа не можат да бидат предмет на тужба за клевета.

– Наводите на Си-Ен-Ен, иако беа одвратни, според законот не беа клеветнички – наведе судијата Сингал во образложението на пресудата.

Трамп во иднина го чекаат неколку судења. Против него е поднесено обвинение од 40 точки за незаконско поседување доверливи документи, како и обвинение од 34 точки за фалсификување деловни податоци.


Од истата категорија