На поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, кој е осомничен за корупција и предавство, синоќа му е одреден 30-дневен куќен притвор.
Притворот на Додон му е одреден два дена откако неговиот дом беше претресен, а нему му беше одреден 72-часовен притвор.
Тој тврди дека е невин и оти случајот против него претставува политички прогон инсцениран од актуелната претседателка Маја Санду.
Молдавското обвинителство на 25 мај поведе обвинителен акт против Додон, товарејќи го за кршење на законот по четири точки – за пасивна корупција, финансирање политичка партија на криминална организација, предавство и незаконски стекнато богатство.
Додон, проруски политичар, беше претседател на Молдавија од 2016 до 2020 година.