Руди Џилијани, поранешниот личен застапник на поранешниот претседател Доналд Трамп, беше суспендиран во четвртокот од вршење на адвокатска работа во Њујорк.
Џулијани, кој исто така беше градоначалник на Њујорк и адвокат, пропагираше неосновани тврдења за широко измама на гласачите и се обиде да ги убеди државните законодавци даодлучат поинаку од волјата на гласачите за време на претседателските избори во 2020 година, с евели во деншната вест што ја пренесуваат америкамските медиуми врз основа на судската одлука.
Апелациониот суд во Њујорк утврдил дека „постојат неспорни докази дека испитаникот давал лажни и погрешни изјави пред судовите, законодавците и јавноста воопшто во својство на адвокат на поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата кампања за повторен избор во 2020 година“.
Трамп ја критикуваше одлуката нарекувајќи го Џулијани „голем американски патриот“. „Најголемиот градоначалник во историјата на градот Њујорк, Елиот Нес од неговата генерација, еден од најголемите борци против криминалот што нашата земја некогаш го имала и ова му го прави радикалната левица“, рекол Трамп.
Одлуката доаѓа по истрагата за жалбите за професионално лошо однесување на Џулијани, соопшти судот. Адвокатите кои практикуваат адвокатура во Њујорк мора да ги почитуваат правилата на однесување на државата, кои регулираат соодветно однесување на адвокатите. Судот наведе дека Џулијани постојано изјавувал дека има повеќе гласачки ливчиња во Пенсилванија отколку што биле испратени по пошта, што, според Судот не било точно.
„Вистинските факти се дека 3,08 милиони гласачки ливчиња биле испратени по пошта пред општите избори, што претставуваше повеќе од над 2,5 милиони поштенски ливчиња што беа всушност изнесени“, се вели во одлуката. Џулијани исто така, тврдеше дека има „стотици сведоци, експерти и извештаи“ што докажувале дека има измама, но Судот тврди дека ниту еден од тие докази не е обезбеден, ниту идентификуван“.
Со одлуката на Судот Џулијани е суспендиран од вршење на адвокатура форма во каква било форма, се додека не се заврши неговиот дисциплински случај. Џулијани има рок од 20 дена да поднесе барање за сослушување по суспензијата.