Судот во Феникс ја отфрли тужбата на Републиканците, кои побараа од официјалните лица во Аризона да не го потврдуваат избраниот претседател Џо Бајден за победник на изборите во таа сојузна држава.
Судијата Џон Хан рече дека го отфрлил барањето од Републиканската партија во Аризона да го блокира Надзорниот одбор за да ги потврди резултатите во округот Марикопа.
Републиканците побараа судијата во Аризона да нареди ново пребројување на гласовите, тврдејќи дека претходното било спротивно на законите на таа држава.
Според податоците на програмата Едисон рисрч, Бајден го победи Доалд Трамп во Аризона со повеќе од 10.000 гласови разлика, што обезбеди 306 електорски гласови наспроти 232 на Трамп.